Големиот проект од Тетово и тимот на ЖФК Љуботен, откако се реорганизираше клубот, ангажира спортски директор во името на Небојша Бреѓан, го засили ростерот со квалитетни странски и домашни фудбалерки, на ред дојдоа контролните натпревари по исцрпните тешки тренинзи.
Во Прилеп во одличен натпревар со офанзивна игра и без калкулации, секако во фер и коректна атмосфера помеѓу двете екипи на ЖФК Деспина и ЖФК Љуботен, до победа стигна домашната екипа со резултат од 4:1 на полувреме беше 2:1.
Во победничкиот табор заслужни за победата се четирите различни стрелци и тоа по еден гол постигнаа Јована Ѓорѓиоска, Ангела Стојкоска, Елена Бошкоска и Симона Тасева. Натпреварот ќе им користи на двете екипи во наредниот период да ги поправат своите недостатоци во играта до почетокот на првенството на 27-ми февруари.
Фото: Женски фудбалски клуб Деспина-Прилеп