Во рамките на 14. коло од ракометната Суперлига овој викенд не очекуваат две дерби пресметки.
Во сабота, тимот на Вардар гостува кај Охрид, а натпреварот е закажан за 19:30 часот. „Црвено-црните“ ќе се обидат да ги потврдат амбициите на тешкото гостување против охриѓани кои важат за исклучително незгоден домаќин.
Во недела, пак, актуелниот првак Еурофарм Пелистер го пречекува Алкалоид во Битола. Дуелот започнува во 19:30 часот, а и двата тима влегуваат со јасна цел – да останат во трката за висок пласман.




