Министерството за спорт на Македонија ги прогласија најдобрите во македонскиот спорт за 2024 година.
Спортист на годината за 2024 е кик боксерот Бобан Илиоски, европски шампион во категоријата до 86 кг. на ЕП во Атина.
Најдобра спортистка за 2024 година е таеквондистката Милијана Рељиќ, македонска олимпијка, четвртфиналистка од ОИ во Париз.
Најуспешна федерација е Македонската таеквондо федерација.
Најуспешен тренер/селектор за 2024 година е селекторот на машкиот ракометен тим, Кирил Лазаров.
За млада спортистка на годината е избрана ракометарката Ива Младеновска, додека најдобар млад спортист е кикбоксерот Силвио Мировски.
Најуспешен женски национален тим за 2024 година е ракометната репрезентација, а и ракометарите беа избрани за најдобри во машка конкуренција.
За најдобар спортист со инвалидитет е прогласена Оливера Наковска Бикова, спортско стрелаштво.
Посебна награда доби најдобрата ракометна судиска двојка Ѓорѓи Начевски/Славе Николов, за успешна презентација на Македонија на меѓународната сцена.
НАЈДОБРИ ЗА 2024 ГОДИНА
Најдобар спортист: Бобан Илиоски
Најдобра спортиска: Милјана Рељиќ
Најспешна федерација: Македонска таеквондо федерација
Најуспешен тренер во машка кокуренција: Кирил Лазаров
Најдобар машки национален тим: Машка ракометна репрезентација
Најдобар женски национален тим: Женска ракометна репрезентација
Млад спортист: Силвио Мировски (бокс)
Млада спортистка: Ива Младеновска (ракомет)

Најдобар спортист со инвалидитет: Оливера Наковска – Бикова (стрелаштво)
Најталентиран спортист: Теодор Стојановски – таеквондо
Признанија за Ѓорѓи Начевски и Славе Николов – ракометни судии
Универзитетски спорт: кошаркарски тим Универзитетот Кирил и Методиј – Скопје
Средни училишта: Јане Сандански – Струмица
Училишен спорт: Ѓорѓија Пулевски – Скопје




