Во рамките на 17 коло од Прва ЖФЛ по Куп натпреварите повторно се враќаат возбудувањата во првенството, каде што во Дојран екипaта на ЖФК Каменица Саса дојде до тесна победа од 2:3 на полувреме беше 1:3 против тимот на ЖФК СЦ Истатов.

ЖФК Каменица Саса е актуелен шампион и лидер на табелата, па иако искреираа голем број на шанси во текот на натпреварот сепак реализацијата не им беше наклонета, а од друга страна домашните фудбалерки одиграа борбено, квалитетно и пружија максимален отпор.

Гостинските фудбалерки на два пати ја погодија стативата и еднаш пречката од голот на истатовки, но и покрај не реализираните шанси стигнаа до заслужените три бода. Во победничкиот табор стрелци на погодоците беа Пале Николовска, Рабија Дервиши и најдобриот стрелец во лигата Ана Димитровска, додека по еден гол за ЖФК Истатов постигнаа Деспина Пауновиќ и Кристина Петрушевска.



