Започна процесот за акредитирање за натпреварoт од осминафиналето на ЕХФ Лига Европа меѓу Еурофарм Пелистер и Магдебург (23 март во 20:45 часот). Сите ТВ, Веб ТВ и радио станици според процедурата за акредитирање на натпреварите на Еурофарм Пелистер сезонава можат да аплицираат за својата акредитација.
Дигитални медиуми, ТВ, Веб ТВ и радио мораат да аплицираат директно во ЕХФ за добивање на акредитација за следење на натпреварот. Барањата за акредитации треба да се испраќаат на: mediaTV@ehfmarketing.com. Сите барања испратени на други адреси нема да се разгледуваат.
Носителот на ТВ права за територијата на Македонија нема потреба од акредитирање до клубот.Новинарите од печатените медиуми и порталите и фотографите треба да ги испратат своите барања директно до клубот најдоцна до три работни дена пред почетокот на натпреварот.
Печатените медиуми, новинари и фотографи своите барања за акредитации треба да ги испратат директно на клубот на адреса press@rkeurofarmpelister.com.РК Еурофарм Пелистер го спроведува протоколот на ковид-19 за организацијата на натпреварите во Лига Европа.
Клубот го задржува правото заради ограничувањата да одбие дел од барањата. Сите присутни новинари и фотографи треба да ги почитуваат протоколите на организаторот на натпреварот (ЕХФ и Еурофарм Пелистер).
Фото и извор: RK Eurofarm Pelister @hceurofarmpelister