Синоќа на спектакуларен начин беше отворено 62. издание на фестивалот Струшки вечери на поезијата, што до 28 август ќе се одржува во Струга. Манифестацијата, годинава се одржува под мотото „Чувствотворен јазик“.

Пред присутните свое обраќање имаше министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.
Музичарот Џијан Емин ја изведе нумерата „King Of Sopiste“, додека девојките од балетското студио „БАХ“ го запалија традиционалниот оган.

Вечерта продолжи со поетското читање Меридијани, на кое настапија автори од земјава и од странство.
За време на фестивалските денови на „Струшките вечери на поезијата“ ќе можат да се чујат околу 25 поети од странство и 40-тина од државата.