Екипата на Ростов, која минатото лето потроши милион евра за потписот на Давид Тошевски, се реши да го испрати младинскиот репрезентативец на Македонија на позајмица во Тамбов.
Поранешниот напаѓач на Работнички до крајот на сезоната ќе ги брани боите на Тамбов, тим кој е на последната позиција на табелата. Во потрага по поголема минутажа, Тошевски ја прифатил оваа позајмица и своето деби во новиот дрес се очекува да го има викендов на дербито на дното со Волгоград.



