Како што дознава порталот www.javisejuzna.mk домаќин на завршниот турнир во машкиот и женскиот ракометен Куп на Македонија ќе биде градот Охрид.
Најдобрите 4 тима кај мажите и најдобрите 4 тима кај дамите во средината на месец мај ќе се борат за титулата во Купот на Македонија. СЦ “Билјанини Извори” во Охрид ќе биде центарот на овој настан. За точните термини ќе добиете информации од кога и официјално ќе бидат познати сите учесници на завршниот турнир после одигрувањето на сите четвртфинални групи.