„Баделки“ се прва екипа во македонската женска кошарка кои запишаа триумф во оваа сениорска конкуренција од Јадранската лига.
Кошаркарките на Бадел 1862, успеаја во својата намера. Што се вели обично „трета среќа“. Во тој стил беше и нивниот трет настап во оваа сезона од женското регионално натпреврување. По двата порази на домашен терен, уследи и првиот триумф и тоа гостински.
Цветанка Димова забележа дабл-дабл ефект, 16 поени и 10 скока, Ивана Кметовска постигна 24 поени, а Александра Стојановска 18 поени.



