Вардар вечерва со почеток од 20:45 часот игра нов натпревар од Лигата на шампионите, гостува кај Кил. Вардар во наредните две недели има три тешки гостувања против Кил, Загреб и Еурофарм Пелистер. Тренерот Веселин Вујовиќ ќе биде задоволен со две победи од овие три меча.
„Нè очекуваат три многу важни натпревари. Прво одиме во Кил, таму ниедна екипа од Европа не е фаворит, па секако не сме ни ние, но би било многу важно да одиграме добар натпревар, бидејќи тоа би била значајна мотивација пред дуелите во Загреб и со Еурофарм Пелистер во Битола“ – изјави тренерот Вујовиќ.