Во овие мигови кога скоро сите спортови се замрени поради епидемијата со вирусот помеѓу ретките кои се активни се играчите на покер. А таму доминација на струшките играчи посебно на Спасе Кленковски.
“ВТОРА ПОБЕДА ЗА СПАСЕ КЛЕНКОВСКИ ОД СТРУГА!
-Уште едно прекрасно издание на Катарина Тасевски од Скопје за второ место пред Стипе Жарко од Гевгелија на третоСиноќа пред полноќ заврши редовната рунда од Македонското онлајн првенство , а по втор пат победник беше одличниот Спасе Кленковски за кого веќе во претходниот извештај навестивме дека ја заврши резултатската криза. Со оваа драгоцена победа тој се враќа таму каде што и му е местото, на самиот врв од табелата. Катарина Тасевски е приказна за самата себе.Таа во својот 4ти настап дојде до 3та финална маса со две втори и едно 4то место на што може да и завидуваат многу играчи од посилниот пол.Со овие резултати Катарина се наметнува како нај сериозен кандидат за женски играч на годината. Вчера одличен беше и Стипе Жарко од Гевгелија кој сериозно се наметнува со освоеното трето место после минато неделната победа.Четврти и 5ти беа Битолчаните Љубиша Бошевски и Томе Босилков пред Мартин Софров од Виница кој после неколку неделната пауза се враќа на сцената со освоеното 6то место.На 7мо место имаме уште еден Стружанец во името на Наум Танески кој пред некој ден се вклучи во натпреварувањето и ова беа првите поени за него.Финалната маса ја комплетираа Методи Алексов од Штип и Ристо Шабанов од Богданци кои полека но сигурно грабат напред.Крсте Узунов од Гевгелија и Младен Веселиновски од Тетово за малку испуштија финална маса но освоија важни поени со 10то односно 11то место, исто како и Благоја Картов и Андреја Андреевски на 12то и 13то место !
Веќе вечерва е редовниот турнир, а убава и нај нова вест за сите е тоа што освен второ и трето пласираниот, сега и 4то пласираниот од лигата ќе има можност преку бараж (финална маса) да дојде до место во Македонскиот национален покер тим за турнирот во Англија од 26ти до 30ти август 2020 !
Ви посакуваме успех!” – стои на сајтот на Macedonian Poker Federation