Женската сениорска репрезентација на Македонија во рамки на ЕХФ Неделата ќе одигра квалификациски турнир за пласман на СП 2021 во Шпанија. Сениорската женска репрезентација е дел од групата 2 заедно со репрезентациите на Грција, Исланд и Литванија. Натпреварите од групата ќе се одиграат во период од 19.03 – 21.03.2021 година. Прво и второпласираната репрезентација од групата ќе обезбедат место во баражот за пласман на Светско Првенство 2021 Шпанија.
Денес нашите девојки отвараат со Исланд од 17 часот. Натпреварот ќе може да се гледа и на МРТ 1 и МРТ 3.
(19.03.2021 – 17:00 часот) МАКЕДОНИЈА – ИСЛАНД – ПРЕНОС ВО ЖИВО НА МРТ 1 и 3