На 29 октомври 2025 година, спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе биде домаќин на најголемиот ракометен спектакл во поновата историја на Македонија – „Легендите на сцена“.
Овој уникатен ревијален натпревар ќе ги обедини најголемите македонски имиња од изминатите децении:
Кирил Лазаров, Борко Ристовски, Стојанче Стоилов, Филип Миркуловски, Пепи Манасков, Наумче Мојсоски, Ванчо Димовски, Петар Ангелов, Гоце Георгиевски и уште многу други.
Покрај нив, на паркетот ќе настапат и светски ракометни легенди:
Арпад Штербик, Ивано Балиќ, Домагој Дувњак, Лука Циндриќ, Игор Карачиќ, Тимур Дибиров, Иван Чупиќ, Игор Вори, Ренато Вугринец и многу повеќе.
Селектори и судии на спектаклот ќе бидат звучни имиња:
Лино Червар, Веселин Вујовиќ, Звонко Шундовски, Начевски – Николов и други.
Овој настан е дел од прославата на 20 години Спортско радио 90,3 ФМ, единствениот специјализиран спортски медиум во Македонија.
„Легендите на сцена“ – повеќе од натпревар, вистински празник на спортот!




