Во рамките од 17.коло од Женската лига екипата на ЖРК Стружанка славеше победа со 18:19 против тимот на ЖРК Гевгелија. Во текот на целиот меч се играше неизвесно за на полувреме да заминат со предност гостинките од Струга со 9-11.
Во финишот на мечот Драгица Митрова промаши пенал за реми на домашниот тим па така сосема заслужено на победа се радуваа гостинките. Ивана Затуроска со 6 гола, Теодора Дукоска со 5 и Радмила Јовичинац со 4 беа најефикасни во тимот на Стружана, додека кај домаќинот Митревска Михаела со 7 беше најрасположена.



