понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Ракомет

Во Битола пристигна тренер од Шпанија

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
јули 23, 2025
📁 Ракомет
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Проектот на Еурофарм Пелистер продолжува онаму каде што застана на крајот од минатата сезона. Клубот како шампион на Македонија и учесник во Лигата на шампионите утре ќе ги започне подготовките за сезоната 2025/26 и пак тимот му е доверен на шпански стручњак. По спогодбената разделба со Раул Алонсо, клубот одбра сличен модел на млад и амбициозен тренер од Шпанија за продолжување на растот на процесот. Рубен Гарабаја Аренас е нов тренер на Еурофарм Пелистер за следнaта сезона, со опција за продолжување на уште една ако двете страни се согласни. Трофејно шпанско име од играчките денови и млад стручњак со голем потенцијал денес доаѓа во Битола и утре првпат ќе прозива во спортската сала „Боро Чурлевски“.

Гарабаја има 46 години и полна витрина медали и одличја од богатата играчка кариера. Играше 168 пати за шпанската репрезентација на позиција кружен напаѓач, постигна 318 гола и освои светска титула од Тунис 2005 година, сребро од Европскиот шампионат во Швајцарија следната година, бронза од Олимписките игри во Пекинг во 2008 година и Мундијалот во Шведска во 2011 година. Рубен Гарабаја доаѓа од Астурија, кариерата ја започна во Адемар Леон (освои Куп на Кралот и ЕХФ Куп на Купови), играше за Фригорификос де Моразо и Ваљадолид, за 2007 година да го облече дресот на Барселона. Со Барса освои три АСОБАЛ лиги, два Купа на Кралот, а играше и во финалето на Лигата на шампионите во сезоната 2009/10. Од 2010 до 2018 година настапуваше за Натухаус Ла Риоха од Логроњо, клуб во кој ја заврши играчката и ја започна тренерската кариера.

Гарабаја тренерскиот занает започна да го бруси во Логроњо како асистент тренер во 2018 година. Три години остана во Натурхаус Ла Риоха и го прифати првиот меѓународен предизвик како селектор на женската репрезентација на Кина. Во 2021 година го на покана на Роберто Гарсија Парондо работи како асистент тренер во египетската репрезентација. Во овој период од две години освојува злато од шампионатот на Африка и сребро од Медитеранските игри. Во 2022 година почнува самостојна тренерска кариера во шпанскиот клуб Синфин Сантандер, каде што работеше се до повикот од Битола.

ShareTweet
Претходна вест

Репрезентативките на Македонија во 3х3 ја донесоа првата победа

Следна вест

Голман од Иран го засили Еурофарм Пелистер

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Македонски ѕид во Германија: Томовски ја реши битката за врвот!
Ракомет

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
16/Ное/2026
ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!
Ракомет

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!
Ракомет

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид
Ракомет

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Ное/2026
Следна вест
Голман од Иран го засили Еурофарм Пелистер

Голман од Иран го засили Еурофарм Пелистер

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.