понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна МАГАЗИН ЗАБАВА

(Видео) Животот во гарсоњера нè научи како се останува заедно.“ – Игор и Ана Дурловски

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
декември 18, 2025
📁 ЗАБАВА, МАГАЗИН
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Во новата епизода на „Нешто Конкретно“, посветена на темата бракот и заедништвото наспроти индивидуалноста и силата на поединецот, Ана и Игор Дурловски ја отворија својата најискрена семејна приказна досега. Од животот во гарсоњера во друга држава, до годините исполнети со предизвици, љубов и заеднички одлуки – разговорот беше искрен, емотивен, но и исполнет со хумор.

Епизодата донесе и еден несекојдневен момент – Игор и Ана првпат „отпеаја“ домашна кавга во оперска верзија, покажувајќи како звучи кога сопран и бас ќе си „згрмат“ по дома.

„Достоинството не се учи – или го имаш, или го немаш,“ истакна Игор Дурловски, зборувајќи за вредностите што го водат и во животот и во бракот.

Ана пак отворено проговори за љубовта како нешто што не секогаш се наследува:
„Потекнувам од семејство како и повеќето од нашето време, во кое љубовта не се покажуваше многу. Родителите ретко нè гушкаа, ниту пак покажуваа физичка емоција меѓу себе. Затоа ќе кажам дека вистинското значење и големината на љубовта ја научив од сопругот Игор.“

Парот беше единствен и околу одлуките во бракот.
„Сите одлуки ги донесовме заедно – за сè,“ нагласи Игор, а Ана се надоврза:
„Битките ни се заеднички, затоа сме силни.“-алудирајќи и на специфицната ситуација во која се најдоа пред неколку години.

Посебно место во разговорот имаа нивните скромни почетоци.
„Животот во гарсоњера нè научи како се останува заедно,“ рекоа тие.
„И да се искараш – мораш да се смириш, затоа што нема друга соба,“ додаде Ана.

Разговорот донесе и низа хумористични детали. Ана призна дека на свадбата се омажила во бел костум и панталони – не за да покаже „кој е маж во куќата“, туку затоа што била штедлива, на што Игор дофрли:
„Егеец сум јас за тоа…“
Ана откри и дека Игор штеди и дома – дури и на штекери: „По еден штекер во соба – доста е.“

Темата се прошири и на родителството.
„Кај и да е, ќе треба да седам на шанк по кафичи за да ја чувам ќерка ми,“ призна Игор со насмевка.
На истата „татковска мака“ се надоврза и Димитар Атанасовски, кој исто така беше дел од епизодата.

Димитар Атанасовски и Сара Мејс, пак како помлад брачен пар, отворија поинаква перспектива за партнерството. Тие признаа дека на почетокот се делеле на „мои“ и „твои“ обврски, додека инаетот не ги научил дека во семејството сè е заедничко.

Во дискусијата за улогите во семејството – дали се чувствуваат најкомотно како сопрузи, синови или татковци – мажите отворено признаа:
„Не ни е сигурно ништо.“
Но нагласија дека постојано се преиспитуваат и учат во движење.

На прашањето дали бракот и семејството можат да ја загрозат кариерата, Ана заклучи со силна порака:
„Откако се родија децата, несовршените тонови поради заморот не ги сметав за грешка, туку за моја победа. Кога имаш семејство, музиката добива други, поубави бои.“

Епизодата заврши со суштинско прашање:
Дали нередот во општеството е последица на нередот во семејството? И ако е така – што може секој од нас најпрво да среди дома? Целата епизода е достапна овде :

ShareTweet
Претходна вест

ДИМИТРИОСКИ НЕМА КОНКУРЕНЦИЈА: ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ОСАМЕН НА ВРВОТ НА ЛИСТАТА НА СТРЕЛЦИ ВО СУПЕРЛИГАТА!

Следна вест

Кадетките на ЖКК Струга 2009 со убедлива победа во Битола

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

ЗЛАТО ЗА МАКЕДОНИЈА: НАШИТЕ МЛАДИ ТАНЧЕРИ СЕ ИСКАЧИЈА НА САМИОТ ВРВ НА ЕВРОПА!
МАГАЗИН

ЗЛАТО ЗА МАКЕДОНИЈА: НАШИТЕ МЛАДИ ТАНЧЕРИ СЕ ИСКАЧИЈА НА САМИОТ ВРВ НА ЕВРОПА!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
01/Окт/2026
Стружанката Мила Бојческа ја доби наградата “ЃОРЃИЈА ПУЛЕВСКИ” за најдобар млад поет
МАГАЗИН

Стружанката Мила Бојческа ја доби наградата “ЃОРЃИЈА ПУЛЕВСКИ” за најдобар млад поет

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
26/Јул/2026
ЗАПОЧНУВА ЈУБИЛЕЈНОТО 65-ТО ИЗДАНИЕ НА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА
МАГАЗИН

ЗАПОЧНУВА ЈУБИЛЕЈНОТО 65-ТО ИЗДАНИЕ НА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
24/Јун/2026
Македонска победа на “Zvezde Granda”! Прв Бојан Илиевски, втора Мирјана Митрева
ЗАБАВА

Македонска победа на “Zvezde Granda”! Прв Бојан Илиевски, втора Мирјана Митрева

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
21/Јун/2026
Следна вест
Кадетките на ЖКК Струга 2009 со убедлива победа во Битола

Кадетките на ЖКК Струга 2009 со убедлива победа во Битола

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.