Навивачи на украинскиот прволигаш Десна ја шокираа домашната, ама и европската јавност, откако директорот на стадионот на кој игра овој клуб Гагарин Олександер Очаренко, го фрлија во контејнер и го возеа по улица.
Хулиганите збеснале после најавите дека Очаренко, кој раководи со стадионот од неодамна откако најавил дека ќе му забрани на тимот да игра на стадионот и тие за да го казнат влегле во неговата канцеларија и го извлекле оттаму, па го фрлиле во контејнерот и потоа почнало возењето.