На маката се познаваат јунаците. Според ова репрезентативките на Србија се водеа на Европскиот шампионат кој се игра во Данска. Малерите и пеховите кои ги следеа во текот на денот на србинките, најпрвин беше доведен во прашање нивниот настап во прво коло протв Светскиот шампион, репрезентацијата на Холандија поради позитивни ракометарки на коронавирусот, а се бараше и нивна дисквалификација.
Сепак по вториот тест само две ракометарки беа позитивни, а остатокот од тимот по еден ден изолација доби можност за настап на шампионатот. На натпреварот тешко се повреди екс вардарката Андреа Лекиќ, освен тоа на полувреме губеа од Холандија и со 15:9.
Со мотивираност, желба и спортска дрскост во вториот дел направија чудесен пресврт и тој дел од играта го добија со невероватни 20:10 или краен резултат и нивен триумф од 29:25. Најефикасна на мечот беше Катерина Крпеж Слезак со 11 гола.
Дербито од групата Б помеѓу Шведска и Шпанија заврши со нерешено од 23:23. Во крајно неизвесни неколку моменти од самиот финиш на мечот двете репрезентации имаа шанса да дојдат до победа, но ремито на оваа средба е најреален исход.
Во останатите натпревари Русија оствари неочекувано тесна победа над Чешка со резултат од 24:22, Романија ја совлада Полска со резултат од 28:24, додека најубедливата победа досега ја оствари Норвешка над Германија со резултат од 42:23.



