Тотенхем е првиот финалист во Лига Купот на Англија по победата од 2:0 над второлигашот Брентфорд. По пауза од 13 години Тотенхем ќе се борат за трофејот во ова натпреварување, додека ова е прв нивен пласман во едно финале со Жозе Мурињо како менаџер.
,,Специјалниот” воедно ќе се обиде по петти пат да го освои пехарот од Лига Купот, откако претходно трипати го освои со Челзи и еднаш со Манчестер Јунајтед. Тимот до победа го однесоа Сисоко во 12 минута и Хеон Сон Мин во 70 минута.
Гостите во 63 минута имаа шанса да го однесат натпреварот во неизвесна завршница но беше оправдано поништен голот на Тони во тој дел од играта поради офсајд. Сега Тотенхем во финалето го чека подобриот од второто полуфинале помеѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити на ,,Олд Трафорд”.



