Шефилд Јунајтед загуби од Евертон со 0:1 и стана првиот тим во последните 118 сезони во англиската прва лига кој до Божиќ немал ниту една победа. За Шефилд ова беше 15-ти меч сезонава и 13-ти пораз, а има и две ремија.
Без победа до крајот на календарската година во најсилната англиска лига биле само два тима и тоа пред повеќе од еден век: Барнли во 1889/1890 и Бостон во сезоната 1902/1903година.
,,Карамелите” победија со гол на Гилфи Сигурдсон во 80-та минута. Победата го искачи Евертон на второ место. Во прилог и видео на голот со кој Евертон го победи Шефилд: