Синоќа, Чикаго Кабс го запишаа осмиот пораз на последните десет пресметки, откако загубија во градското дерби против Вајт Сокс со 0-4.
Фаворитите на овој меч постигнаа по два поени во првиот и во осмиот ининг што накрај го донесе конечниот резултат.
Најпрво, по ударот на Јоан Монкада, Сезар Хернандез и Елој Хименез освоија по четири бази за водство од 0-2.
Во продолжение, по еден хоум-ран забележаа горенаведениот Хернандез и Хозе Абреу.
Маестрално издание на синоќешниот меч покажа и фрлачот на Вајт Сокс, Карлос Родон, со неверојатни единаесет страјк-аути за пет ининзи.
Во Американската лига, Вајт Сокс (65-46) го држат третото место, додека Кабс (52-60) се десетти во Националната лига.