Стружанка во 21. коло од Женската лига славеше убедливо против Астибо со 34:22 (полувреме 18:7).
Најефикасни кај домаќинот беа Мендувие Далипоска со 6 погодоци, додека Теодора Маркоска и Ивана Затуроска дадоа по 5 гола. Марија Анчева од Астибо со 13 погодоци беше најефикасна на теренот.