Околу десетина минути траеше прекинот на мечот на „Емирати“, откако Давид Луис и Раул Хименес се судрија со главите при воздушен дуел, а подебелиот крај го извлече напаѓачот на Вулверхемптон. Двајцата останаа да лежат на тревата, каде што медицинските тимови на двете екипи веднаш интервенираа, а дури по 10 минути успеаја да го изнесат Раул Хименес од теренот на носилки.
Дефанзивецот на Арсенал продолжи да игра и го одигра првото полувреме и на паузата беше заменет од Холдинг, а натпреварот заврши со триумф на гостите од 1:2. Во прилог и видео од потресната сцена на ,,Емирати”:



