Кошаркарската репрезентација на САД, доживеа сензационален пораз од репрезентацијата на Нигерија со резултат 87-90, во првиот подготвителен натпревар од предвидените пет, пред настапот на Олимписките игри во Токио 2020 година.
САД во тимот имаше ѕвезди како Кевин Дурант, Демиен Лилард, Џејсон Тејтум, Бредли Бил, Бам Адебајо но сепак не успеа да стигне до победа.
Најпрецизен во селекцијата на Нигегија беше Гејб Винсент со 21 поен, додека Кејлеб Абада даде 17. Кај САД, Кевин Дурант даде 17, а Џејсон Тејтум 15 поени.