Екипата на Еурофарм Пелистер 2 со 27:26 (полувреме 14:11) го победи актуелниот македонски ракометен првак Вардар. Сите ракометари на Еурофарм Пелистер одиграа одлично, а најефикасен во победата беше младиот Павле Атанасијевиќ со 6 гола од кои неколку клучни во финишот на мечот.



