Американецот Најџел Вилијамс-Гос на извонреден начин со шут во последната секунда и донесе победа на екипата на Локомотив Кубањ во ВТБ лигата против членот на Евролигата, Химки.
Најџел при приемот на топката од аут во последниот напад при резултат 90:90 загуби рамнотежа и падна на паркетот, од лежечка позиција успеа да додаде, а потоа се крена веднаш на шут и погоди за победа.