Филмот со Том Хенкс од 2022 година – „Човекот по име Ото“ (A Man Called Otto), e број 1 на Нетфликс во САД. На Семрежната филмска база на податоци – ИМДБ, филмот има просечна оценка од 7,5 / 10, од над 71.000 гледачи кои го оцениле. Фимот првпат се појави во кино во декември 2022 година, но на Нетфликс во моментов го достигнува својот врв.
Филмот го режираше Марк Форстер, по сценарио на Дејвид Маги. Во „Човек по име Ото“ покрај Том Хенкс глумат Рејчел Келер, Мануел Гарсија-Рулфо и Маријана Тревињо како сосетката со која Ото почнува необично пријателство.




