Ненад Димитријевиќ игра во фантастична форма оваа сезона и е еден од најдобрите поединци на својот Хувентуд. Димитријевиќ на дуелот против Фуенлабрада мечот го заврши со учинок од 15 поени, 5 асистенции, 4 скока, 3 загубени и 1 освоена топка.
По 8 одиграни кола во Ендеса лигата, екипата од Хувентуд Бадалона има ефект од 5 победи и 3 порази. Во наредно коло ќе се соочат против Естудијантес на домашен паркет.
Во однос на играта на терен Ненад Димитријевиќ имаше два блескави моменти, едниот кога ја ,,измрда” цела противничка петорка во рекет и постигна кош, а втората ситуација кога атрактивно блокираше, но за негова жал сепак поените беа признати бидејќи првин баскетот заврши на табла, а отпосле следеше и блокадата на репрезентативниот плејмејкер.



