Во првенствен натпревар во Примера, Селта Виго загуби од Вилјареал со 0:4 каде што сите четири гола паднаа во првото полувреме, а најубав од сите нив беше на Дани Парехо кој во 19 минута изведе слободен удар од страна и сакаше да нафрли, но никој не ја допре топката и таа отпатува во мрежата на домашните.