Десниот млад хрватски бек, Матео Мараш, за интервју за клупскиот сајт на РК Еурофарм Пелистер ја даде следнава изјава:
,,Сакам да му се заблагодарам на клубот. Првите шест месеци минаа многу убаво, беше прилагодување, но се чувствувам убаво тука. Играме многу добро, клубот покажува дека е на високо европско ниво, што може да се види низ натпреварите во Лига Европа и натпреварите кои ни претстојат, а на кои сакаме да покажеме кој е нашиот вистински квалитет. Имаме мала хрватска колонија тука во Битола. Имаме голем број интернационалци и многу добро сме сложени во тимот. Добро се согласуваме и пријатно е да се тренира и да се биде во овој клуб” кажа за крај Мараш.
Видео: RK Eurofarm Pelister @hceurofarmpelister