Тимот на Холабрун, каде што настапуваат македонските ракометари Никола Костески и Влатко Митков, загуби од Леобен лидерот во Втората лига на Австрија 26-27.
Никола Костески беше најефикасен на натпреварот со 9 гола, додека Влатко Митков постигна 4 гола. Покрај тоа што беа најдобри го постигнаа и најатрактивниот погодок на мечот “во нивна режија” со прекрасно завршен цепелин.