Лидс славеше на гостувањето кај Фулам со 2:1 и со тоа екипата за која цел меч одигра македонскиот лев бек Езџјан Алиоски, се израдува на својата прва победа на гости во Лондон во сите натпреварувања, уште од декември 2017 година. Имаа серија од 16 меча без триумф во главниот град.
Головите за Лидс ги постигнаа Патрик Бамфорд и Рафиња. Со оваа седма гостинска победа сезонава, Лидс сега има 13 бода повеќе од Фулам. Од друга страна, Лидс потајно може да размислува и на Европа, каде што имаат девет бода помалку од петтиот Вест Хем.