Капитенот Кирил Лазаров и на 40 години покажа дека е вистински предводник на македонската ракометна репрезентација. Во дуелот против Чиле, Лазаров даде осум гола и беше најдобар стрелец на мечот.
Последниот погодок што Лазаров го даде, беше за 32:28 на 30-тина секунди пред крајот, кога со цепелин ја затресе мрежата на Чиле. Во прилог и видео од погодокот кој ја запечати победата: