По четири години изградба, Кина го отвори својот досега најдолг подводен тунел, кој е дел од нов автопат. Тунелот е долг 10,79 километри и поминува под езерото Таиху, во источната кинеска провинција Џијангсу. Изградбата чинела 1,56 милијарди долари, а тунелот пона да се гради во 2018 година.

Во изградбата на двонасочниот тунел се употребени 2 милиони кубни метри бетон, а должината на неговите шест ленти е 17,45 метри.На таванот на тунелот има LED осветлување во бои дизајнирани да го спречат заморот на возачот.



