Канада ја совлада Финска со 3-2 во финалето на Светското првенство хокеј.
Финците кои до финалното соочување дојдоа со тактичка игра што им овозможи и триумфи над некои фаворизирани селекции, двапати беа во водство со погодоците на Мајаел Руохома во 8 и Пети Линдбом во 46 минута, но Канаѓаните двапати се враќаа во игра со головите на Макс Конту во 25, Адам Енрике (Хенрик) во 53 минута, а потиа во 67 минута преку Ник Пол ги казнија пропуштените шанси на противникот во третата третина.
Бронзениот медал им припадна на САД, кои во мечот за третото место ја совладаа Германија со убедливи 6-1.



