Јувентус го победи Наполи со 2:0 во италијанскиот Супер куп кој се одигра во Реџо Емилија. Стрелец на првиот гол беше Кристијано Роналдо, кој дојде до бројка од 760 гола во кариерата на официјални мечеви, надминувајќи ги сите други во историјата кои професионално играле фудбал.
Од овие 760 гола на клупска и репрезентативна сцена, 85 му се во дресот на Јувентус. Три минути откако Роналдо даде гол, за тимот на Наполи заигра Елиф Елмас. Во 80-та минута беше досуден пенал за наполитанците, но искусниот Лоренцо Инсиње шутираше покрај голот. Победата на Јуве ја потврди Мората во 96-та минута.



