Денвер славеше против Лос Анџелес лејкерс со 113:111 во финалната серија на Западот и максимални 4:0 во победи се пласираа во финалето и борбата за титулата во НБА лигата.
Никола Јокиќ со осмиот “трипл- дабл” во дресот на Нагетси со 30 поени, 14 скока и 13 асистенции беше најзаслужен за победата. Српскиот центар го постигна и победничкиот кош на 50 секунди до крајот на натпреварот и беше прогласен за МВП на финалето на Западната конференција на НБА.