Вашингтон Стејт стигна и до седмата по ред победа во уводниот дел од сезоната од НЦАА лига. Уште еднаш, на домашен терен, делуваа мошне убедливо, славеа против Прејри Вју со резултат 90:62.
Андреј Јакимовски уште еднаш беше дел од стартната петорка на „Кугарс“. Нашиот млaд репрезентативец одигра 28. минути во кои стигна до ефект од 11 поени, oсвен тоа додаде уште четири скока, како и по една асистенција и украдена топка.
Извор и фото: https://kfsm.mk/



