Еурофарм Пелистер вечерва во салата „Боро Чурлевски“ го пречекува Мешков Брест, четвртфинале во СЕХА лигата. Дуелот меѓу Еурофарм Пелистер и Мешков Брест започнува од 20:15 часот.
„Мешков Брест многу добро го познаваме, одигравме неколку натпревари и во Битола и во Брест и мислам дека се квалитетни, за што говори и нивниот успех. Ги краси многу брза игра, брза транзиција. Колку што можевме се спремивме, гледавме многу видеа за противникот. Брзо дојде до официјални натпревари сезонава, го освоивме и Суперкупот и донесовме трофеј во Битола по шеснаесет години. Одигравме турнир во Струга и мислам дека бевме многу добар противник за Вардар, требаше и да победиме и да го освоиме втора година по ред тој турнир. Многу добар период е зад нас и само треба да продолжиме во тој ритам“ – изјави Елмир Граџан.