Новак Ѓоковиќ ќе игра во третото коло на Отвореното првенство на Австралија откако во меч кој траеше повеќе од три и пол часа со 3:1 во сетови го победи Френсис Тифое. американецот беше аутсајдер, но успеа да му зададе мака на првиот фаворит на турнирот.
Во четвртиот сет, Ѓоковиќ со два брејка успеа да го зададе последниот удар и целосно да го скрши отпорот на американецот добивајќи го сетот со 6:3. Освен што даде солиден отпор на теренот, Тифое неколку пати „чудно“ се однесуваше и се обиде да го испровоцира противникот.
Американецот трипати доби казна од судијата, а еднаш дури влезе и во делот каде што е Ѓоковиќ. Србинот остана имун на овие „испади“ на противникот и ја задржа концентрацијата недозволувајќи да направи кикс.



