На ден 18.02.2021 (четврток) на теренот на АМС на Спортскиот центар во Тетово се одигра ревијален натпревар помеѓу екипите на ФК Тетекс и ФК Брегалница и се одбележа денот на на формирањето на ФК Тетекс.
Воедно на овој натпревар во чест на фудбалслата легенда на клубот, Бошко Блажевски е повлечен од клубот дресот со број 4 во негова чест кој што цели 12 сезони по ред настапуваше за тетовските ,,Бели” во 60-тите и 70-тите години на минатиот век.
Ревијалниот натпревар беше прекинат точно во четвртата минута со едноминутно молчење. Во кариерата иако Блажевски е роден тетовчанец кариерата ја започнал во Брегалница и три години бил нивни член, а освен што 12 сезони го носел дресот на Тетекс, една сезона одиграл и за тетовски ФК Љуботен.
Видео: KISS & Менада Телевизија