Во големото дерби на врвот на англиската Премиер лига, актуелниот шампион Ливерпул во самата завршница на дуелот со Тотенхем славеше со 2:1 и остана сам на врвот на табелата по ова коло.
„Црвените“ дојдоа во водство со голот на Салах во 26. минута, но само 7 минути подоцна по една одлично изведена контра Сон Мин успеа да погоди за израмнување на 1:1.
Ливерпул притисна во финишот, а по едно одлично уфрлување во шеснаесетникот на Јорис, Фирмино со глава го погоди аголот од голот на лондончани и донесе огромна радост за домашните фанови.



