
Во првиот меч од групата Г, Швајцарија успеа да избори победа над Камерун од минимални 1-0.
Стрелец на единствениот погодок на натпреварот беше Брил Емболо (48′) по асистенција на Џердан Шакири.
Емболо, откако ја затресе мрежата на Андре Онана, одлучи да не слави бидејќи постигна гол против земјата во која е роден.
Освен овие две екипи, во истата група членуваат Србија и Бразил, кои ќе се соочат во последниот денешен термин.