Синоќа, за првпат во 2021 година, на паркетот во НБА се соочија Далас Маверикс и ЛА Лејкерс.
Нивниот дуел заврши со победа на Далас од 115-110, кој водеше во поголемиот дел од натпреварот.
Најефикасен кошаркар од сите беше Словенецот Лука Дончиќ (Далас), кој постигна 30 кошеви.
Од соиграчите, најмногу поени постигнаа Криштапс Порзингис (19) и Џош Ричардсон (13).
Кај Лејкерс, дабл-дабл запишаа Денис Шродер (25 поени и 13 асистенции) и Андре Драмонд (14 поени и 19 скокови), а најпрецизен беше Кентејвиус Колдвел-Поуп со 29 кошеви.
Важен факт за гостинскиот состав беше враќањето на Ентони Дејвис, кој запиша само четири поени од погодените 2/10 шутеви од поле.
На табелата на Западот, актуелните шампиони (35-24) се петти, додека Далас (32-26) скокна на шестото место.
📸 Glenn James/NBAE via Getty Images