Македонскиот репрезентативец Никола Костески со неговиот тим Талент Плзен, годинава стигнаа до второто место во Чешка откако лани станаа шампиони и го освоија Купот.
Минатогодишниот освојувач на дуплата круна Талент Плзен загуби во четвртиот натпревар од финалето од Карвина со 35:27 и мораше да се задоволи со освојување на второто место.
Никола Костески со 8 гола повторно беше најрасположен во својот тим, но сепак Плзен загуби од тимот на Карвина и ја загуби шампионската титула.