Струга загуби од Тиквеш со 22:29 во 8.коло од плејофот во Суперлигата.
Тренерот Танески им даде шанса на многу млади ракометари и денес. Ги видовме повторно Мечкароски, Матески, Велјаноски, Симоноски, Пејчиноски, Ѓорѓиески, Кленковски.
Својот деби гол за сениорскиот тим на Струга денес го постигна шеснаесетгодишниот Ангел Кленковски со прекрасен шут од 10 метри.




