Кога се работи за женскиот фудбал во Македонија, секогаш е на маргините, но во последните неколку сезони има подобрувања, па самите клубови се организираат и менаџираат што доведува до подобри услови за работа.
Основен проблем се финансиите и менаџирањата во фудбалот, како и медиумско внимание, кое што јависејужна.мк го крена на едно многу високо ниво, каде што клубовите ја имаат целосната подршка и промоција.
ЖФК Атлетико од Битола е неколкугодишен стандарден член на Прва ЖФЛ со богата историја , каде што тренер и сопственик е Никола Гелевски – Бел и за свој нов партнер во клубот го претстави спонзорот Цермат.
Цермат сега ќе се грижи за обезбедување на основните финансиски потреби на ЖФК Атлетико како генерален спонзор и се обезебдедени или во скора иднина ќе се обезбедат целосна опрема за фудбалерките, од тренерки, дресови, шорцеви, топки, реквезити и се што е потребно за функционирање на овој клуб.
Во прилог и видео презентација на Цермат во ЖФК Атлетико од Битола: