Барселона е првиот финалист во шпанскиот куп и за трофејот ќе се бори против Леванте или Атлетик Билбао. Каталонците на драматичен начин со 3:0 ја елиминираше Севилја, од која на првиот меч загуби со 0:2. Барселона за првпат во својата 121-годишна историја одигра дури пет меча (два во суперкупот и три во купот) од 120 минути во иста сезона.
Домаќините во регуларниот дел победија со 2:0, вториот гол го дадоа во 94-та минута, а 20 минути порано Севилја не реализира удар ид белата точка. Во петтата минута од екстра периодот, Мартин Брајтвајт ја докрајчи разнишаната Севилја која со играч помалку се бранеше, но не се одбрани до крај.