Саутхемптон се пласираше во осминафиналето на англискиот ФА куп, откако попладнево на свој терен го победи Арсенал со 1:0. Голот за тимот од јужниот дел на Англија беше автогол на Габриел по шутот на Кајл Вокер Питерс. Саутхемптон во следната рунда за противник го има Вулверхемптон.
За Арсенал ова е прв примен гол во 2021 година, немаа примено гол 508 минути, уште од мечот со Челзи на Боксинг деј, 26-ти декември, Топчиите беа бранители на трофејот во ФА купот, но диживееја рана елиминација.



