19 мај 2002 година е ден кој засекогаш останува испишан со Златни букви во историјата на Македонскиот спорт. На денешен ден, пред 17 години, беше гордост да се биде Македонец, на радоста и немаше крај, затоа што женскиот ракометен клуб Кометал Ѓорче Петров ја донесе првата европска титула во нашата земја, откако го крена престижниот пехар во Лигата на шампионите. Кометал Ѓорче Петров во мечот за титула го совлада тимот Херц со 26:22 и ја надополнија разликата од Првиот меч кој што се играше во Унгарија кој заврши со пораз од два гола на Кометал ЃП 25:27.